Search

Бен Афлек го наоѓа патот назад откривајќи ја вистината за зависноста од алкохол

Новиот филм на Бен Афлек The Way Back („Патот назад“) го прикажува актерот во улогата која премногу добро ја знае – алкохоличар кој поминува низ семејни расправии и развод пред да пронајде обновена надеж во животот.

Откако ја откри вистината за сопствената борба со алкохолот, трите обиди за рехабилитација, и пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер, Афлек доби неочекувана улога на портпарол за зависност.

„Бев малку изненаден од тоа колку моето опоравување од зависност од алкохол –  улога која всушност ја играм во овој филм –  ги допре луѓето“, вели Афлек (47).

„Задоволен сум. Нема ништо херојско тука, но можеби е корисно за луѓето да видат дека не е крај и дека постои пат назад “, рече тој.

„Патот назад“ кој ќе почне да се прикажува во американските киносали во петок, 6 март, на Афлек му донесе добри критики, ако не и најдобри досега, по серијата површни перформанси како Бетмен. Тој го играше суперхеројот Бетмен во три продолженија по неговиот филм „Арго“ кој во 2013 година освои оскар за најдобар филм.

Во „Патот назад“ Афлек игра кошаркарски тренер во средно училиште кој се обидува да ја задржи контролата врз својот живот додека се бори со алкохолиазм и бракот кој се распаѓа.

И самиот Афлек во повеќе наврати беше на рехабилитација заради неговата зависност од алкохол.

Режисерот Гевин Оконор изјави дека за време на снимањето дозволил Афлек слободно да ги покажа своите емоции.

Треба да знаете
Последни објави