Search

Старец се заканувал на лекари во гостиварската болница, приведен откако дома му нашле пушка и пиштол

На 05.03.2020 околу 13.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 73-годишниот гостиварец Н.Н., кој претходно во гостиварската болница вербално се расправал и им се заканувал на вработените.

Нешто подоцна, во неговиот дом биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол и седум куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави