Search

Оскаровката Мирен не ја крие својата тага поради Меган Маркл

Хелен Мирен ја коментира одлуката на Меган Маркл и принцот Хари да го напуштат кралското семејство. Прославената актерка целосно ја поддржува одлуката на двојката, а патем таа ја пофали Меган Маркл и начинот на кој актерката се справила со титулата и должностите што ги добила кога се омажила.

„Мислам дека нивните инстинкти беа сосем исправни, им честитам на тоа. Се разбира, тоа е комплицирано. Меган Маркл беше фантастичен додаток на кралското семејство – таа беше шармантна, правеше сè како што треба, беше грациозна, шармантна по природа…“, рече Мирен во интервјуто за „Варајети“.

Хелен Мирен доби „Оскар“ во 2006 година за улогата во филмот „Кралицата“, во кој ја отелотвори кралицата Елизабета Втора.

Треба да знаете
Последни објави