Search

Кривична пријава за малолетникот кој шутираше куче на игралиште

Полицијата поднесе кривична пријава за малолетникот кој шутираше куче на игралиште во Младо Нагоричане, Кумановско.

Според информациите од МВР, СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело мачење животни.

Видеото од настанот беше објавено на социјалните мрежи на 29 февруари.

Треба да знаете
Последни објави