Search

Играч на Монако казнет за половина година за туркање на судија

Фудбалерот на Монако, португалскиот репрезентативец  Желсон Мартинс доби забрана за настап во наредните шест месеци од француската федерација поради туркање на судија на натпревар од Лига 1.

Ова се случи на 1 февруари годинава во поразот на Монако од Нимс со 1:3. Тогаш Мартинс остро реагираше кога судијата му покажа црвен картон на неговиот соиграч Бакајоко. Последователно, самиот Желсон беше избркан за неговата реакција, по што ги испушти нервите и го турна судијата.

Француската федерација го опиша ова како „брутална акција” и му изрече тешка казна на неговиот клуб Монако.

Па така, Желсон Мартинс нема да игра повеќе во натпревари оваа сезона, што веројатно ќе има негативно влијание врз неговите шанси да стане дел од Португалија за ЕП 2020.

Треба да знаете
Последни објави