Search

Руни немоќен против Јунајтед, два гола на Игало во триумфот над Дерби

Манчестер Јунајтед е последниот патник во четвртфиналето на ФА Купот, откако вечерва на убедлив начин со 0-3 славеше над Дерби Каунти на Вејн Руни, во натпревар кој го одбележа зимското засилување на „ѓаволите“ Одион Игало, постигнувајќи два гола во мрежата на тимот од Чемпионшип. Во борбата за полуфинале, Јунајтед ќе се бори против тимот на Норич.

По подолга пауза Руни повторно заигра против клубот каде ги мина најдобрите фудбалски денови, но не на својата природна позиција (напад), затоа што Филип Коку му даде повеќе дефанзивни задачи и беше организатор на играта на Дерби.

Иако почетокот на натпреварот му припадна на домаќинот, кој имаше уште неколку прилики за почетно водство, Јунајтед од својата првата вистинска шанса стигна до водство од 0-1. По една мешаница пред голот на Дерби, Лук Шо испрати чуден волеј и го изненади Рос и донесе водство за својот тим од 0-1. Осум минути подоцна Шо се најде во улога на асистент, а зимското засилување Игало одлично се снајде меѓу двајца домашни дефанзивци и ја зголеми позитивата на Јунајтед (0-2).

Неискористена прилика имаше и искусниот Мата, кој својата улога на капитен вечерва (поради повредата на загревање во стартниот состав го немаше првиот капитен на тимот Мегвајер), ја круниса со додавање за нов гол на нигерискиот напаѓач Игало, кој од својот втор обид ја смести топката зад грбот на Рос и ги постави конечните 0-3.

Треба да знаете
Последни објави