Search

Двајца турски војници загинаа во Идлиб

Двајца турски војника се убиени од силите на сирискиот претседател Башар Асад во северозападниот дел на Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, само неколку часа пред прекинот на огнот, договорен денеска од Анкара и Москва.

Двајца турски војника загинаа, а тројца се повредени откако сириските владини сили отворија оган во провинцијата Идлиб, соопшти Министерството, додавајќи дека турската војска одговорила веднаш на нападот.

Москва и Анкара постигнаа денеска договор да создадат безбедносен коридор во провинцијата Идлиб, во реонот на сирискиот автопат М4.

– Страните се согласија да создадат заштитен коридор шест километри северно и шест километри јужно од автопатот М4. Конкретните параметри за функционирањето на безбедносниот коридор ќе ги договорат министерствата за одбрана на Руската Федерација и на Турција во рок од седум дена, се наведува во соопштението.

Од 15 март Русија и Турција ќе започнат заедничко патролирање низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр.

Треба да знаете
Последни објави