Search

Гнев на Велигденскиот Остров откако камион урна света камена статуа

Градоначалникот на Велигденскиот Остров побара да се воведат ограничувања на возила околу  археолошките знаменитости, откако пикап-камион удри во една од познатите камени статуи, предизвикувајќи „непресметлива“ штета.

Чилеанец, кој живее на островот во Полинезија, е уапсен по инцидентот во неделата и е обвинет за оштетување на национален споменик. Платформата на која стоеше статуата исто така е оштетена. По целиот остров, кој локалното население го нарекува Рапа Нуи, има околу 1.000 статуи, познати како „моаи“.

 

Камило Рапу, претседател на локалната заедница, која се грижи за моаи, рече дека несреќата можеби била намерно предизвикана, но, според градоначалникот, Педро Едмундс Паоа судирот се чини дека е резултат на дефект на сопирачките.

Треба да знаете
Последни објави