Search

(Видео): Советник од Општина Македонски Брод шутира куче!

„А1он“ објави дека човекот кој го шутнал кучето во Општина Македонски Брод е Бране Јовановски, кој воедно е независен советник.

Снимката се појави на социјалните мрежи од потегот на Јовановски, а според „А1он“ тие што ја објавиле снимката добиле и пораки да се повлечат.

Во изјава за медиумот Јовановски кажал да го остават на мир за да „може да спие“ и да не го малтретираат за прашања „куче на улица“.

Неговиот потег предизвика бура од негативни коментари на социјалните мрежи и сите бараат казна за тоа, а според законот се предвидува парична казна или затворска казна до една година.

https://www.facebook.com/ivana.italy/videos/10213858821779440/?t=0

Треба да знаете
Последни објави