Во северна Грција привремениот затворен центар за депортација на легални мигранти

Сите оние кои нелегално влегле во Грција и немаат профил на бегалци, ќе бидат сместени во касарна во близина на Серес во северниот дел на земјата, за веднаш да се депортираат во земјата на нивното потекло е планот на грчката влада, според министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, откако беше одлучено од 1 март, за еден месец никој да не може да достави барање за азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис во интервју за грчката државна телевизија „ЕРТ”, рече дека во следните денови ќе биде пуштен во функција затворениот центар за конкретната цел, а работата ќе биде привремена.

-Во прашање се денови за почеток на работата на затворениот центар во касарната Василиади во Серес, каде што ќе бидат пренесени оние што влегоа од 1 март 2020. Од тогаш постои суспензијата на азил со законскиот акт на владата. Сметаме дека овие лице влегоа нелегално во земјата, помогнати од соседот и не одговараат на бегалскиот профил на индивидуален обид да побегнат од опасност. Напротив, ги искористува Турција и со оваа логика, врз основа на законот, немаат право да побараат азил, рече Митаракис, објаснувајќи дека сите оние кои влегоа нелегално во Грција, во изминатите денови ќе бидат депортирани.

Министерот за миграција и азил на Грција рече дека колку Турција и да го интензивира притисокот на копнената и морска граница, тие ќе спречуваат нелегален влез на мигранти и бегалци во земјата.

Затворените центри за притвор (поразлични и неповрзани со затворените центри на островите), ги најави вчера портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, објаснувајќи дека секој што во Грција ќе влезе нелегално, ќе биде префрлен во центар за притвор, а потоа и депортиран во земјата на потекло.

Треба да знаете
Последни објави