Search

Панатинаикос го обвини Олимпијакос за тероризам

Панатинаикос го обвини денеска својот градски ривал Олимпијакос за „тероризам”, откако двата атински тима вчера играа меч од 27. коло во кошаркарската Евролига при што „црвено-белите” од Пиреја славеа со 81:78.

Ден по мечот, „зелените” соопштија дека ги повикуваат грчките власти да преземат безбедносни мерки за нападот врз нивниот претседател, Димитрис Јанакопулос.

„Во целосна соработка со маскирани мажи, оние со кои челниците на Олимпијакос беа неодамна видени, се посегна кон терористички настроени расположение кон нашиот тим”, се вели, меѓу другото, во дописот на Панатинаикос.

Панатинаикос го спомена и нападот врз член на Управниот одбор на клубот и повика на реакција и од Евролигата која веќе има поведено една дисциплинска постапка против Олимпијакос.

Треба да знаете
Последни објави