Search

Бутел го доби дербито со Охрид

Скопскиот ракометен суперлигаш Бутел ја искористи предноста на домашниот терен и го доби дербито со Охрид (22:20) во 15. коло од македонската Суперлига. Најефикасен играч во редовите на Бутел беше Марио Мајиќ со шест. Во редовите на Охрид најпрецизен со четири голови беше Денис Тот.

Бутел уште на почетокот наметна игра и дојде до резултатска предност која постојано ја контролираше, иако готите од Охрид не им дозволуваа да се одлепата и предвреме да го симнат од дневен ред прашањето на победникот. На полувреме Бутел замина со предност од 12-10. Во второто полувреме Бутел направи предност од четири гола, но Охрид се созеде и ја анулира предноста на домаќинот (18:18). Во завршницата Бутел одново дојде до два гола предност кои ги задржа до крајот на мечот.

 

Треба да знаете
Последни објави