Search

Четврт смртен случај од новиот коронавирус во Франција, бројот на заразени надмина 200

Во Франција е регистриран четвртиот смртен случај од Ковид-19, а истовремено бројот на заразените се зголеми на 204 случаи, јави дописникот на МИА.

Последниот смртен случај е лице на 92-годишна возраст, а другите починати од Ковид-19 биле на возраст од 80 години, и еден на 60 години.

Во продавниците се чувствува зголемена потрошувачка на трајните прехранбени производи, а во аптеките на некои места има зголемување на цените за два до три пати на заштитните маски и геловите за дезинфекција. Француската Влада најавува мерки за да се спречат шпекулациите со епидемијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон најавува реквизиција на залихите и производство на заштитни маски, кои ќе им бидат дистрибуирани на здравствени работници и на заразените лица во Франција.

Треба да знаете
Последни објави