Search

Заев: Норвешка е наш стратешки партнер за интеграцијата во НАТО

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Скопје оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија Јерн Јелстад, на која стана збор за членството на земјата во НАТО, процесот на евроинтеграција, регионалната соработка, Преспанскиот договор, напредокот што го оствари земјата во изминатите 2,5 години, спроведувањето на реформите, како и за претстојните парламентарни избори на 12 април.
Претседателот Заев на средбата се заблагодари за сестраната поддршка што  Кралството Норвешка ја дава на нашата земја, нагласувајќи дека Норвешка, после САД е наш најголем стратешки партнер во интеграцијата во НАТО и пример кој се стремиме да го достигнеме.
Изминатите 2,5 години донесовме храбри одлуки, напишавме историја со цел да ги оствариме стратешките цели на земјата за членство во НАТО и во Европската унија, истакна претседателот Заев, додавајќи дека за многу кус период забележавме огромен напредок и очекуваме Европската унија во март, да ја исправи својата историска грешка и да ни додели датум за почеток на предпристапни преговори за членство.
Заев го запозна Јелстад дека со предизборната коалиција со движењето Беса за прв пат во историјата на земјата е формирана предизборна мултиетничка коалиција и дека на кандидатските листи за претстојните избори ќе има рамноправна 50:50 застапеност на мажите и жените.
Република Северна Македонија е пример во регионот, истакна амбасадорот на Кралството Норвешка во државава Јерн Јелстад, додавајќи дека тука се спроведуваат мерки и реформи кои обезбедиле просперитет и раст на скандинавските земји, уште пред Европската унија,  како што се регионалната соработка, единствениот пазар, транспарентноста, слобода на медиумите, раст на економијата со зголемено вклучување на жените на пазарот на трудот, инвестиции во обновливи извори на енергија.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и амбасадорот на Кралството Норвешка во земјата Јерн Јелстад истакнаа дека добрите и пријателски билатерални односи ќе продолжат и во иднина, и во насока на економската соработка и норвешки инвестиции во земјата.
Треба да знаете
Последни објави