Search

Дејан Жидан поднесе оставка од функцијата претседател на словенечкото Собрание

Претседателот на Собранието на Словенија, Дејан Жидан поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Љубљана. Жидан, веднаш по изгласувањето на Јанез Јанша за нов мандатар за состав на Влада, од собраниската говорницата изјави дека веќе поднел писмена оставка.

– Се повлекувам бидејќи не сакам да стојам на патот на новата коалиција. Сакам да се заблагодарам за сите успеси кои заедно ги направивме. За мојата една и пол годишна работа направивме успешна регионална соработка, а дадовме и голема поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија, истакна Жидан.

До изборот на новиот претседател на Собранието, седниците ќе ги водат највозрасните пратеници.

Треба да знаете
Последни објави