Search

Гвардиола му честита на Ливерпул титула, а со Манчестер сити цели кон освојување ФА купот и ЛШ

Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола, кој го предводи актуелниот првак на Англија Манчестер сити, предвреме се откажа од одбраната на титулата во Премиер лигата. Иако матеметички Ливерпул кој е лидер со 22 бода предност на 10 кола пред крајот, а „граѓаните“ имаат и натпревар помалку, Гвардиола смета дека таа трка е завршена. Поради тоа, Гвардиола фокусот го насочува кон куп натпреварувањата во Англија, но и во Лигата на шампионите.

Манчестер сити во неделата трета година по ред го освои Лига купот, а утре го очекува пресметка со Шефилд Венздеј во петтото коло од ФА купот.

– Првенството е завршено и Ливерпул сосема заслужено ја освои титулата. По сите натпреари кои ги одиграа, и предноста која ја имаат во однос на конкурентите, апсолутно заслужија да бидат шампиони. Нормално дека би сакал да немаме толку голема негатива на табелата, но сега единствена цел ни е да останеме втори на табелата и да се бориме за трофеите во ФА Купот и во Лигата на шампоионите – изјави Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави