Search

(Видео) Најмалку 19 жртви на торнадото во Нешвил

Најмалку 19 лица загинаа во налетот на торнадо во Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, а 50.000 домаќинства и фирми останаа без електрична енергија, соопшти Агенцијата за вонредни состојби во Тенеси.

„Ме разбуди торнадо. Среќна сум што не ја урна страната на која спиев, а целосно е уништена другата стрна на куќата“, рекла една жена за Си-ен-ен.

Предупредување за торнадо е издадено за северниот дел на Тенеси. Противпоражната служба соопштила дека се урнати 40-ина згради во Нешвил.

„Гасот протекува во домовите, далноводите се уништени, а службите за итни случаи се на терен и им помагаат на повредените“, рече портпаролот на полицијата.

Аеродромот што се наоѓа во близина на Нешвил исто така претрпе значителна штета како резултат на невремето и оштетени се неколку хангари.

Треба да знаете
Последни објави