Вучиќ: Србија планира да купи оружје од Израел

Србија планира да купи оружје од Израел, а испораката нема да биде мала, изјави спрскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Џерусалем пост“.

Вучиќ на маргините на конференцијата на Американско-израелскиот совет за јавни работи (АИПАК) во Вашингтон повтори дека Србија ќе отвори дипломатско претставништво и пртставништво на Стопанската комора во Ерусалим и истакна дека Србија секогаш ќе се труди да ги усогласи своите интереси со Израел.

Одговарајќи на прашањето за Антиизраелската кампања на бојкот, изолација и санкции (БДС) во Западна Европа, Вучиќ посочи дека во Србија не постои БДС и дека Србија не е плодна почва за антисемитски пораки.

„Џерусалем пост“ сепак оценува дека постапката и изјавата на Вучиќ може да се разгледуваат како остар одговор на кампањата на БДС потсетувајќи дека австрискиот парламент минатата недела ја карактетризира БДС како антисемтиска.

Треба да знаете
Последни објави