(Видео) Поранешниот играч на МЗТ Скопје ја шокира Цибона со постигната тројка од кош на кош

Поранешниот кошарар на македонскиот првак МЗТ Скопје, Марко Луковиќ со тројка постигната од кош на кош и донесе победа на Приморска против Цибона (79:78) во рамките на 20. коло од регионалната АБА лига.

Цибона беше пред победа на гостувањето во Словенија. При резултат 78-76 хрватскиот претставника имаше и две слободни фрлања за да ја запечати победата, но Ребец првото го промаши, а второто немарно го промаши за да се уклучи последниот звук на сирената, потег кој скапо ја чинеше Цибона. Луковиќ ја фати одбиената топка и веднаш упати удар додека не беше огласена сирената, со кој ја шокираше Цибиона бидејќи топката заврши во кошот на гостите.

Треба да знаете
Последни објави