Search

Приведени тројца скопјани поради агресивно однесување кон полицајци

На 01.03.2020 во 13.45 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од с.Кондово поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.03.2020 во 21.05 часот на ул.„Мите Богоевски“ во Скопје, полициски службеници од СВR Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(56) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.03.2020 во 16.10 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, Д.В.(23) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир на тој начин што во алкохолизирана состојба се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави