За безбедноста на денешниот мирен протест на претседателот Мета ќе се грижат 1.000 полицајци

За безбедноста на митингот, што албанскиот претседател Илир Мета го свика за попладнево во 17:00 часот, ќе се грижат 1.000 прпадници на полицијата, специјалната единица за брзи интервенции и специјалната единица „Шќипоња”.

„Исто така, за да се гарантира редот и безбедноста ќе има забрана за движење на повеќе улици околу Владата. Полициски екипи ќе бидат на готовност од зградата на Минстертвото за внатрешни работи до плоштадот „Мајка Тереза”,наведува телевизијата „Ора њуз”.

Претседателот Мета го организира овој мирен протест,кој, според него, има за цел да го демонтира државниот удар,за што ја обвинува Владата и премиерот Еди Рама и да се подигне свеста на Албанците за одбрана на нивниот суверенитет.

Мета,во синоќешниот апел, повикувајќи ги сите за учество на протестот, оцени дека земјата минува најдлабока и најопасна криза.

-Татковината доживува најдлабока и најопасна криза за нејзиниот опстанок,предизвикана од оваа секта што го крши Уставот и законите на оваа земја, како узурпатори на вашите основни слободи и права. Затоа јас ве очекувам сите,со национални знамиња и букети со мимози ,порача Мета.

Додаде дека „ мафијашката секта која е на чело на државниот удар ќе даде сметка пред народот и новото правосудство што ќе дојде”.

Собирот ќе се одржи под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот”, на плоштадот „Народни херои”а од кабинетот на Мета соопштија дека добил подршка од граѓански организации, актери, обединетата албанска опозиција, поранешни носители на високи функции.

Исто така информираа дека на протестот ќе присуствуваат голем број албански граѓани кои живеат и работат во САД, Грција и други европски земји.

Присуството лично го потврдија лидерите на опозициските партии, Демократска,Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади.

Треба да знаете
Последни објави