Макрон: Франција ќе им помогне на Грција и Бугарија да ги заштитат своите граници

Франција е подготвена да понуди помош во заштитата на границите од пристигнувањето на мигранти, рече францускиот лидер, Емануел Макрон.

„Изразувајќи целосна солидарност со Грција и Бугарија, Франција е подготвена да придонесе во напорите на европските земји да им дадат оперативна помош и да ги заштитат своите граници. Треба да работиме заедно за да избегнеме хуманитарна и миграциска криза“, напиша Макрон на „Твитер“.

По итниот состанок на грчкиот Национален совет за безбедност, владиниот портпарол Стелиос Петас рече дека ситуацијата со бегалците е активна и претставува сериозна закана за националната безбедност на земјата.

Треба да знаете
Последни објави