За Грција лажна е веста за смртта на сирискиот мигрант

Видеото на кое, наводно, се гледа погубување на сириски мигрант во близина на границата со Турција, Грција го нарче „лажна вест“.

„Видеото во кое се гледа смрт на мигрант на грчко-турската граница е лажна вест. Ги повикуваме сите да бидат внимателни кога пренесуваат вести поттикнати од турската пропаганда“, напиша портпаролот на грчката влада Стелиос Пекас на „Твитер“.

„Ројтерс“ претходно денеска објави, повикувајќи се на два безбедносни извори, дека Сириец, мигрант кој се обидел да премине од Турција во Грција, починал од повреди здобиени при интервенција на грчки безбедносни сили кои ги спречуваат мигрантите да ја преминат границата.

Инцидентот се случи откако турската влада ги отвори своите граници и им дозволи на мигрантите да навлезат во Европа.

Треба да знаете
Последни објави