Азар заминува на операција во САД

Белгискиот фудбалски репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Еден Азар в четврток во САД ќе биде подложен на оперативен зафат на зглобот. Азар заработи пукнатина на зглобот кој го мачи подолго време сезонава за време на натпреварот Реал Мадрид – Леванте одигран изминатиот месец.

Повредата да биде комплетно санирана Азар мора да направи операција која веќе е закажана. Реал Мадрид се надева дека Белгиецот ќе се врати на теренот пред крајот на сезоната. Поради повредата на зглобот Азар веќе пропушти три месеци од оваа сезона. Неизвесно е дали Азар ќе заигра за Реал Мадрид до крајот на сезоната, но сигурно е дека на Европското првенство ќе ја предводи селекцијата на Белгија.

Треба да знаете
Последни објави