Search

Девојките од РК Вардар кои ги удри џип на автобуска пуштени на домашно лекување

Двете повредени малолетни девојчиња во кои синоќа удри џип додека чекаа на автобуска постојка во Ѓорче Петров, се пуштени на домашно лекување. Освен набиеници по телото, немаат посериозни физички повреди.

Девојчињата, кои се ракометарки на женскиот ракометен клуб Вардар, чекале автобус во населбата Ѓорче Петров, кога џипот загубил контрола, откако патот му го попречило  југо и влетал во постојката.

Двете девојки се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош беа пренесени в болница.

Возачите на џипот и „Југото” не се повредени.

Треба да знаете
Последни објави