Search

(Видео) Грците со камења по мигрантите: „Вратете се во Турција“

Со извици „Вратете се во Турција“, група жители на Лезбос спречиле педесетина мигранти со чамец да пристапат до обалата, по неколку часови поминати во морето.

Дел од жителите нападнале новинари и фоторепортери кои известувале за настанот, удирајќи ги и фрлајќи им ги камерите во водата. На патот до пренатрупаниот камп во местото Морија со повеќе од 19.000 мигранти, друга група жители со ланци и камења се обидела да ги спречи да поминат полициските автобуси кои превезуваат азиланти кои пристигнале утрово, пренесува грчката новинска агенција АНА.

Еден полицаец е полесно повреден, пренесува агенцијата. По одлуката на Турција да ги отвори границите спрема ЕУ, голем број мигранти пристигнаа на грчкиот остров, меѓудругото и поради поволното време за пловидба. Според податоците на новинската агенција АФП, најмалку 500 мигранти пристигнале на Лазбос, со десетина чамци.

Треба да знаете
Последни објави