Чавушоглу: Видете кој ни држи предавања за меѓународно право!

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, на Твитер, проследено со фотографии од инцидентите на турско – грчката граница и коментар дека тие немаат обврска да ги запрат луѓето да ја напуштат Турција, но „Грција има должност да ги третира како човечки суштества”, сподели и одговори на став на неговиот грчки колега Никос Дендиас, околу меѓународното право, јави дописничката на МИА од Атина.

-Видете кој ни држи предавања за меѓународно право! Тие бесрамно фрлаат солзавци на илјадниците невини кои се собраа пред нивните порти. Ние немаме обврска да ги запреме луѓето да ја напуштат нашата земја, но Грција има должност да ги третира како човечки суштества!, напиша Чавушоглу, објавувајќи ги фотографиите, заедно со твитот на министерот за надворешни работи на Грција, со извадок од неговото денешно интервју.

-Самовоздржаноста не е слабост, туку сила, заснована врз убедувањето дека однесувањата со кои се почитува меѓународното право, надвладуваат секакво прекршување, напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер” профил, споделувајќи дел од ставовите што ги изрази во интервју за информативен грчки портал. 

Треба да знаете
Последни објави