Search

Турција ја напуштиле 36.776 мигранти

Турција досега ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти вечерва турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

– До 21.02 часот по локално време преку Одрин (Едрене) нашата земја ја напуштија 36.776 мигранти, наведе Сојлу на Твитер, а пренесе агенцијата „Анадолија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно денес изјави дека земјата и претходно предупредувала оти нема да може да го поднесе товарот од нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите ако продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.

– Што рековме пред неколку месеци? Рековме дека ќе мораме да ги отвориме границите ако продолжи кризата. Се вознемирија и не ни веруваат. Што направивме вчера? Ги отворивме границите. До утринава границата ја поминаа речиси 18.000 мигранти – рече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави