Search

Вардар посилен во нокаут-фазата за Мишевски и Ристовски

Тренерот на актуелниот европски ракометен првак Вардар, Стевче Алушовски по поразот од  Монпеље во последното коло од групата Б во лигата на шампионите потврди дека за нокаут мечевите во осминафиналето од ЛШ и во четвртфиналето од СЕХА лигата со Нексе „црвено-црните“ ќе добијат две засилувања. Бекот Марко Мишевски се враќа во тимот, како и голманот Борко Ристовски.

-Од понеделник тимот ќе изгледа поконкурентен. Ќе ги имаме на располагање Мишевски и Ристовски и се надевам дека тие ќе ја донесат потребната свежина во пресрет на најважните дуели сезонава – рече Алушовски по дуелот со Монпеље.

Треба да знаете
Последни објави