Search

Захарова: Сурово да се казнат сите одговорни за злосторствата на ОВК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека сите оние што се одговорни за злосторствата на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК) мора да бидат строго казнети, без оглед дали и какви функции извршуваат во косовската власт, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Захарова на редовниот брифинг во Москва рече дека Русија смета оти одамна е дојдено времето Специјалниот суд за воени злосторства да изнесе конкретни обвиненија за ОВК бидејќи тоа тело е основано уште во 2017 година под покровителство на ЕУ со цел да ги казни сите одговорни за киднапирање и трговија со човечки органи.

„Темата за трговија со човечки органи мора да остане предмет на постојано внимание во светот. Во моментот на конец виси репутацијата на меѓународното судство и на ЕУ како гарант дека Судот ќе ги исполни своите обврски“, рече Захарова.

Специјализираниот обвинител неодамна ја извести претседателката на Специјализираните комори на Косово за неговата намера да поведе постапка пред Специјализираните комори и побара да се назначи судија на претходна постапка во согласност со законот.

Треба да знаете
Последни објави