Црна Гора: Превентивно поставени шатори поради Ковид-19

– Пред Клиниката за инфективни во Подгорица поставени се шатори, но црногорските здравствени власти потенцираат дека се поставени превентивно и оти нема место за паника.

– До денеска во Клиничкиот центар на Црна Гора не е дијагностириан ниту еден случај на потврдено присуство на коронавирус. Со цел спречување на ширењето на оваа инфективна болест, Клиничкиот центар ги презеде сите неопходни мерки согласно националниот план за постапување во случај на појава на коронавирус, изјави портпаролот на Центарот Горица Соковиќ.

Таа нагласи дека нема место за паника, но апелира на граѓаните да бидат одговорни и трпеливи и да ги почитуваат сите совети и препораки од надлежните институции и лекари, пренесува РТЦГ. 

Треба да знаете
Последни објави