Вучиќ се сретна со директорот на СЗО за Европа

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге од кого побара дополнителна поддршка и помош за Србија во борбата против новиот коронавирус, како и создавање на систем за почист воздух и животна средина.

Вучиќ побара од директорот на СЗО за Европа дополнителна поддршка и помош на Србија во борбата против вирусот корона.

Соговорниците се согласиле дека ширењето паника и лажните вести се поопасни од вирусот и во Србија и на целиот континент, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ, исто така, побарал од Клуге да и помогне на Србија да создаде систем за почист воздух и животна средина.

Тој истакна дека Србија е подготвена да инвестира многу пари за да им обезбеди чист воздух на своите граѓани.

Вучиќ исто така му се заблагодари на директорот на СЗО за Европа за неговата посета на Белград.

Треба да знаете
Последни објави