Пахор прави обиди да дојде до формирање на нова словенечка Влада

Претседателот на Словенија Борут Пахор денес одржува состаноци со неколку политички партии кои се обидуваат да состават ново парламентарно мнозинство, а со тоа и нова влада.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според се уште непотврдени информации, лидерите на СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) веќе се договориле за коалиција со партијата на Јанез Јанша и веќе имале обезбедено и 54 пратеници во Парламентот.

Според процедурите сега лидерите на овие партии треба да го убедат претседателот Пахор дека веќе има формирано ново мнозинство во Парламентот и е договорена нова коалиција предводена од СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша.

Од исходот на овие разговори ќе зависи дали Пахор ќе определи нов мандатар, во случајов Јанша или пак таа одлука ќе му ја препушти на Собранието. Доколку двете институции не констатираат ново мнозинство, тогаш државата и дефинитивно ќе оди на предвремени парламентарни избори, како единствен начин за излез од актуелната политичка криза.

Треба да знаете
Последни објави