Состанок во словенечкото Собрание поради коронавирусот – повикани и директорите на болниците

Поради ситуацијата во Италија со коронавирусот, денеска во Собранието на Словенија е свикан специјален состанок на Комисијата за здравство, на која ќе присуствуваат и директорите на болниците и здравствените установи.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, надлежните сметаат дека веројатно набрзо и во Словенија ќе се прошири заразата, односно ќе се потврдат првите случаи на лица заразени со Ковид-19.

Поради коронавирусот денес ќе се одржи и состанок на претставници на Министерството за здравство со градоначалниците од општините кои се граничат со Италија.

Во меѓувреме медиумите ја објавија информацијата дека досега во Словенија вкупно 13 лица се тестирани за коронавирус. Според добиените резултати сите биле негативни.

Треба да знаете
Последни објави