Прв работен ден за новиот хрватски претседател Милановиќ

Зоран Милановиќ денеска официјално го има својот првиот работен ден како нов претседател на Хрватска, јави дописникот на МИА.

Интернет страната на хрватскиот претседател од утрово веќе активирана и покрај тоа што нa неа се уште ги нема имињата на членовите на неговиот кабинет. На страната можат да се прочитаат биографиите на претходните претседатели, цитати на Милановиќ кажани за време на претседателската кампања и инаугурацискиот говор.

Милановиќ, кој сега е и врховен командант на хрватската Армија, работниот работен ден го започна во девет наутро со проверка на свечениот гардискиот строј.

Според информациите од неговиот кабинет, денес тој ќе положи цвеќе на неколку споменици на паднатите жртви за независна Хрватска, а попладнето се очекува Милановиќ да ги потпише првите одлуки за именување на своите најблиски соработници.

Треба да знаете
Последни објави