Search

ЕУ испраќа авион по своите граѓани од крузерот „Дајмонд Принцес”

Италијански авион вечерва ќе тргне по државјаните на ЕУ, кои веќе две недели се во карантин на крузерот „Дајмонд Принцес”, закотвен во јапонскиот град Јокохама.

Европската комисија соопшти дека враќањето на граѓаните на ЕУ од крузерот е обезбедено преку Механизмот за цивилна заштита.

Специјален медицински тим на ЕУ веќе отпатувал во Јокохама за да изврши прегледи на патниците, а во авионот ќе им биде дозволено да се качат само на на оние што се негативни на Ковид-19 и кои немаат никакви симптоми на болеста.

По враќањето во Европа, патниците од крузерот ќе бидат ставени во нов карантин кој ќе го организираат земјите-членки од кои доаѓаат граѓаните, соопшти Комисијата.

САД веќе ги евакуираа своите државјани од „Дајмонд Принцес”

ЕУ веќе врати повеќе од свои граѓани од Кина во Германија и Франција.

Треба да знаете
Последни објави