Србин осуден на три години затвор во Унгарија поради шверц на луѓе

Окружниот суд во Унгарија осуди српски државјанин на три години затвор, поради шверц на луѓе.

Осудениот претходно овој месец се обидел да криумчари шест мигранти од Сирија преку унгарско-австриската граница, соопшти денеска портпаролот на судот.

Како што пренесува МТИ, судот му забранил и влез во Унгарија по отслужување на казната затвор.

Треба да знаете
Последни објави