Search

Израел спречил хакирање на телефоните на своите војници

Израелската армија соопшти дека спречила обид на милитантната група Хамас да ги хакира телефоните на војниците, така што нејзини претставници се претставиле како млади, атрактивни жени на социјалните мрежи, склопувајќи познанства и убедувајќи ги војниците да преземат софтвер заразен со вирус.

Израелскиот полковник Џонатан Конрикус, рече дека изминатите месеци мобилните телефони на десетина војници биле „заразени“, но Армијата на време ја открила измамата и спречила какви било тајни да стигнат до исламистичката група, пренесе „АП“.

Со тоа, Хамас се обидувал да собере разузнавачки информации.

Израелската армија заедно со безбедносната агенција Шин Бет го спречила обидот на Хамас откако војниците пријавиле сомнителни обиди за стапување во контакт со нив, преку социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави