Search

Јао Минг гостин на Кошаркарскиот сојуз на Србија

– Кинеската кошаркарска легенда, Јао Минг во посета на соседството. Поранешниот играч на НБА лигашот Хјустон денеска беше гостин во Белград каде беше примен од претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ.

Причина за посетата и тема на разговорите, како што објавуваат српските медиуми, била потенцијалната соработка меѓу двете страни во врска со т.н. „Тренерска клиника”.

Даниловиќ и Минг посветиле внимание и на евентуални подготовки на кинеските селекции во Србија, соработка во врска со семинарите за судии, патувања на српските клубови во Кина, гостување на кинескикот националерн тим во „3х3″ баскет, итн.

Двете страни се договорија за скорешно потпишување на Меморандум за долгорочна соработка, а гостите од Кина добија српски дресови со нивните имиња на позадината.

Треба да знаете
Последни објави