Search

Коснет и Коњуфца за јакнење на глобалното партнерство меѓу САД и Косово

– Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет се сретна денеска со шефот на косовската дипломатија Глаук Коњуфца, со кого разговарал за продлабочувањето на партнерството меѓу двете држави и за поддршката од Вашингтон за Приштина на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, веста за средбата ја објави Амбасадата на САД на својата официјална страница на Фејсбук, оценувајќи го разговорот како битен за развојот на односите меѓу двете земји.

– Амбасадорот Коснет денеска се сретна со министерот за надворешни работи Глаук Коњуфца. Тие имаа еден битен разговор за јакнењето на глобалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Косово, унапредувањето на косовската дипломатија и обезбедувањето на евроатлантските интеграции на Косово, се вели во објавата на Амбасадата на САД.

Треба да знаете
Последни објави