Албанскиот прв полицаец призна дека земале солзавец од Косово, но не го употребиле

Министерот за внатрешни работи Сандер Лешај признава дека земале солзавец – гранати од Косово, но негира дека биле употребени на протестите на обединетата опозиција во Тирана.

На денешната пленарна седница на албанскиот парламент,каде беше повикан да даде објаснување околу информациите за тоа, Лешај додаде дека солзавецот што го користела полицијата на протестите бил од резервите на државната полиција.

-Менаџирањето со протестите беше според книгата на најдоброто европско полициско училиште. Од каде потекнува користениот гас може да барате информација. Гасот беше од резервите на државната полиција кои беа уште од претходната влада. Секако беше донесена одредена количина од Косово, но никогаш не се искористи и беше вратено назад со мое знаење,рече Лешај.

Пред два дена весникот Инсајдер објави документ дека косовската на албанската полиција и позајмила 500 солзавец – гранати.

Косовскиот новинар и извршен директор на „Инсајдер”, Парим Олури за албанската телевизија Ора њуз рече дека договорот го потпишале директорите на косовската и албанската полиција.

– Солзавецот употребен на протестите на опозицијата, е подарок на претседателот Хашим Тачи за Еди Рама,а договорот го потпошале дректороте на двете полиции. Врз основа на важечкиот закон, на Косово му е забрането да и дава оружје не само на Албанија, туку не смее тоа да го прави на ниту една друга земја,изјави Олури.

Албанската обединета опозиција лани одржа десет,како што ги нарече нацонални протести,на кои во просек присуствувале по над 100.000 граѓани. Дел од нив беа и насилни при што полицијата употреби димни бомби,солзавец и водени топови.

Треба да знаете
Последни објави