Социјалната мрежа Твитер го суспендираше и блокираше налогот на претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Тој е блокиран на Твитер откако тоа го побарале бројни
корисници на социјалната мрежа поради неговите најнови објави во кои ги навредувал и нападнал јавните личности и користел говор на омраза.
На налогот на Шешељ сти известување дека е суспендиран и дека Твитер ги суспендира налозите коишто ги прекршуваат правилата на таа социјална мрежа.
Последен што бил на мета на водачот на радикалите биле потпретседателот на Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ и академикот Душан Теодоровиќ.