Search

Саудиските судови нема да ги признаваат тајните разводи

Саудиска Арабија сега ќе ги прекинува браковите дури и ако едниот сопружник не се појави на суд, ставајќи ѝ крај на долгата традиција која им даваше предност на мажите во однос на алиментацијата, старателството над деца и посетите, а му стави крај и на т.н. „таен развод“, пренесува РТ.

Пред оваа измена во законот, мажите можеше да го одбијат разводот едноставно не појавувајќи се на судското рочиште, без оглед на тоа дали живее со својата сопруга или не. Мажената жена во суштина беше врзана за бракот без оглед на тоа дали сопругот се преселил и потенцијално дури и создал друго семејство.

„Судството ќе одржува чекор со општествените промени што се случуваат во кралството и некои од постојните закони ќе се променат“, рече саудискиот министер за правда, Валид бин Мухамед ал Самани, повикувајќи се на програмата на Визија 2030, која вклучува обид да се спроведат голем број општествени и економски реформи.

Според сегашниот саудиски закон, мажите имаат право на втора сопруга, но жените не можат да остварат истото ниво на слобода и, згора на сето тоа, дури и бараат согласност од сопругот за голем број правни процедури, без оглед на тоа дали разделена или не.

„Системот конечно ги обврза двајцата сопружници да се појават пред судот за да се почитуваат правата на жената и на детето по разводот“, рече Рана ал-Докан, адвокат од Саудиска Арабија.

Бракоразводните парници што траеле три месеци или повеќе сега обично траат помалку од десет дена за формално да завршат. Со амандманот се става крај и на практиката на т.н. „таен развод“ во кој мажите можат слободно да се разведат од своите сопруги без согласност, па и без знаење на жената. Саудиското Министерство за правда неодамна потврди дека, во просек, сега има околу 4.000 разводи месечно во земјата, или по шест на секој час.

Треба да знаете
Последни објави