Search

Приодите околу Собранието ќе бидат затворени до 17 часот

Улицата „Димитрија Чуповски“ поради активностите кои ќе се случуваат денеска во Собранието, а кои се однесуваат на ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, полицијата ги затвори сите приоди кон Законодавниот дом и се очекува така да биде до 17 часот.

Припадниците на МВР поставија кордон од полицајци, како и метални огради околу парламентот, па така затворен е паркот „Жена Борец“, како и сите околни улици, а само се пропуштаат возила од делегациите и гостите кои ќе учествуваат на свечената собраниска седница.

Треба да знаете
Последни објави