Search

Министерот Филипче најави набавка на 70 возила за Итната медицинска помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила.

„Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме – набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред сè да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата“, потенцираше министерот Филипче.

Со тоа, како што додаде министерот, заедно со мерката за вработување на сите доктори на платен стаж од 30 илјади денари, докторите започнуваат со работа непосредно по добивањето на лиценцата од Лекарската комора за што има отворен процес на аплицирање, кој како завршува веднаш може да почне согласно местото на живеење.

 

Треба да знаете
Последни објави