Search

Градот Скопје ќе одвои парична помош за семејствата од Шуто Оризари на кои домовите им беа опожарени

Одлуката за доделување парична помош на семејствата со опожарени станбени објекти во Општина Шуто Оризари е една од точките за која ќе расправаат членовите на Советот на Град Скопје на денешната 49-та седница. Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да додели парична помош во нето износ од 100.000,00 денари на 3 (три) семејства со целосно опожарени станбени објекти и износ од 50.000,00 денари на 3 (три) семејства со делумно опожарени станбени објекти.

 Покрај оваа точка, на денешната седница Советот ќе расправа за поголем број  одлуки поврзани со работата со јавните претпријатија и јавните установи во надлежност на Градот, а на оваа седница ќе се расправа и на следниве точки: Одлука за субвенционирање на ЈП депонија Дрисла-Скопје; Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на ЈУ Универзална сала-Скопје; Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈП Комунална хигиена –Скопје; Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП депонија Дрисла-Скопје; Одлука за давање согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот електромобили на ЈП Градски паркинг; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП Лајка -Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП депонија Дрисла- Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈП депонија Дрисла-Скопје за 2020 година, како и Одлуката за давање согласност на Одлуката за измена на цените на услугите во ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци- Скопје.

 Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за периодот од 01.01. до  12. 2019 година; Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2020 година; Одлуката за прием во сопственост на едно моторно возило; Одлуката за продажба на недвижен имот-со намена домување; Одлуката за давање соглaсност и право на градење  објект; Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за ослободување од плаќање на дел од потрошена вода на корисници кои примаат постојана парична помош; како и Одлуката за давање согласност на Програмата за благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје во 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави