Search

Затворени училиштата и градинките во Војводина поради епидемија на грип

Покраинскиот секретаријат за здравство на Војводина донесе одлука да ја прекине работата на предучилишните и училишните установи на територијата на АП Војводина поради широко распространетиот вирус на грип до 21 февруари, соопшти Покраинската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според соопштението на Институтот за јавно здравје на Војводина, бројот на заболените од грип и од респираторните заболувања слични на грип во Војводина се зголемува, а во пет окрузии интензитетот на вирусот на грип е над епидемискиот праг, што укажува дека вирусот е широко распространет во покраината.

Речиси илјада случаи на заболувања слични на грип се пријавени во првата недела од февруари. Најчесто засегнати се децата од предучилишна и училишна возраст на возраст меѓу 5 и 14 години.

Лабораториското тестирање на 52 примероци на биолошки материјал покажале инфекција со вирус на грип А (H3N2) кај 29 случаи, а од типот А (H1N1) pdm09 кај 10 лица и од типот Б кај еден пациент.

По препорака на Покраинскиот секретаријат за здравство и Институтот за јавно здравје на Војводина, Секретаријатот за образование, администрација и за национални малцинства одлучи да се стопираа работата на предучилишните и училишните колективи на територијата на АП Војводина поради широко распространетиот вирус на грип.

Наставата ќе биде прекината од 12-21 февруари, 2020 година.

Исто така, на сите здравствени установи за болничко лекување на територијата на Војводина им се препорачува и понатаму да се применува мерката за забрана или ограничување на посети на пациенти.

Овие мерки ќе бидат на сила се додека бројот на новозаразени на 100 000 население не биде под епидемискиот праг, се вели во соопштението потпишано од координаторот во Институтот за јавно здравје на Војводина, д-р Миoљуб Ристиќ.

Треба да знаете
Последни објави