Search

Боки до Русковска: Селективно го вештачевте мобилниот, презентирајте се

Селективно се вештачи мојот мобилен телефон ја обвини Бојан Јовановски обвинителката Вилма Русковска  кога почна да се чита комуникацијата на Вотс Ап меѓу него и осудениот за Рекет, Зоран Милески Кичеец. Јовановски рече дека станува збор за сензационалистички делови, па побара се да биде вештачено и презентирано.

Според Боки, тој не ја видел во доказите комуникацијата со Кичеец оти Рускоска му рекла дека тоа нема да го вештачат па се спротистави истата да биде презентирана и побара или да биде целата прикажана оти Кичеец е важен за да се види вистинста.

Судот, сепак дозволи обвинителката да ги презентира доказите, односно комуникацијата меѓу обвинетите.

Од презентираното се гледа дека Боки бил чуван од полицијата па во одредени ситуации на Кичеец му велел дека не е добро да се гледаат.

Боки и Кичеец зборувале за престојот во Систина по операцијата на желудникот, како и за случувањата околу Империја.

 

Треба да знаете
Последни објави