Search

Бериша: Изјавата на Рама тешка провокација, предавникот ја симна маската

Поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Бериша, експресно реагираше на изјавите на актуелниот албански премиер Еди Рама и неговиот косовски колега Албин Курти, околу различните ставови околу иницијативата за мини балкански шенген. Рама на заедничката прес –конференција на изјавата на Курти дека нивната прва средба била повеќе за „албанскиот макрошенген отколку за балканскиот миншенген”,му возврати дека „нема албански без мини балкански шенген”.

Според Бериша, Рама направил уште една сериозна провокација и оти „ја симнал маската на предавник”.

„За предавникот на нацијата, Албанија и Косово се вазали на Голема Србија! Пријатели, денес предавникот на нацијата, Есад Топтани Новиот(Еди Рама), на средбата со премиерот на Косово, Албин Курти правејќи сериозна провокација, изјави дека нема албанска соработка, дека „нема албански макрошенген без балканскиот минишенген”,напиша Бериша на Фејсбук.

Додава дека со оваа изјава „овој предавник ја отстранува секоја маска и изјавува дека Албанците можат да соработуваат едни со други само во контекст на Голема Србија или Нова Југославија”.

„ Во неговата изјава, Албанија и Косово не се две независни суверени држави, туку два вазали на Белград кои можат да соработуваат едни со други под чадорот на Голема Србија. Ваквата изјава за односите меѓу двете суверени држави не може да се најде во аналите на билатералните светски односи,оценува Бериша.

Посочува дека Рама ја открил продажбата на Косово што ја направил во Белград и вазализацијата на Албанија со прекинување на историските врски меѓу двете земји бидејќи тие не можат да воспостават односи.

„Денес, Едвин Кристак Зографи(Рама) го откри своето предавничко лице, ја откри продажбата што ја направи на Косово заедно со Миладин Албанец (косовскиот претседател Хашим Тачи) и Батон Станишиќ (српскиот претседател Александар Вучиќ) во Белград и ја вазализираше Албанија! За предавникот на нацијата, Албанија и Косово се вазали на Голема Србија,обвини Бериша.

Според него доколку Албанците, во нивните суверени земји, не одлучат за односите меѓу нив, но и со другите земји, тие ги сечат историските врски,што се чини дека „предавникот Рама го потпишал во Нови Сад во договорот со 718 членови”.

Треба да знаете
Последни објави