Силите за безбедност во Бејрут утрово употребиле водени топови против демонстрантите кои ги гаѓале со камења и се обидувале да ги спречат пратениците и владините претставници да влезат во Парламентот и да гласаат за доверба на новиот кабинет на премиерот Хасан Диаба.
Безбедносните сили употребиле и солзавец и ги блокирале патиштата кон зградата на Парламентот.
Демонстрантите фрлале камења преку бетонските барикади кон безбедносните сили.